Претставата „Вечера на будалето“ на гостите од Стара Пазова ги собра сите аплаузи од публиката која во третата фестивалска вечер го проследи нивниот настап во салата на ЦК „Бели мугри“. Осумината актери, иако аматери, на сцената се однесуваа како вистонски професионалци. Простете, само Игор Пискла, кој го играше Пјер Брошан, завршил скратена Акдемија за уметности во Нови Сад, па колегите го нарекуваат „полупрофесионалец“.

Станува збор за текст на Френсиси Вебер, француски фимски режисер, сценарист, продуцент и драмски писател. Режисер е Александар Бако, кој, играл во флмови на Емир Кустурица, „Црна мачка бел мачор“.
Претсават „Вечера на будалите“ (комедија) траеше безмалку два часа. Во најголем дел од времето на сцената беа двајца актери и импресионира тоа што успеваа со дијалозите и играта да го задржат вниманието на публиката. За ова добија честитки за време на раговорите што ги води Јасмина Билаловиќ.

Јанко Шаркези, кој го играше „будалата“ Пињон им се заблагодари на гледачите за срдечноста и убавиот прием. Јазичната бариера (се играше на српски) не беше никаков проблем. Членовите на КУД „Бранко Радичевиќ“, „Вечерата на будалите“ во Кочани ја играа по 29 пат, рече Шаркези.

Станува збор за осуммина актери, кај кои е забележлива зрелоста на сцената. За разлика од сите други аматери што досега се појавија во претставите на ДАФ, гостите од Стара Пазова се повозрасни и со поголемо искуство.

„Во Кочани ја имавме една од нашите подобри изведби, иако е тешко вака да се издвојува. Имавме добра ’генерална проба’ бидејќи пред ден-два игравме во Делчево и спремни излеговме на сцената кај вас. Можеби и затоа што силно сакавме да го оправдаме нашето учество на ДАФ“, истакна во слободен разговор Игор Пискла, кој го играше издавачот Пјер Броншан.

„Ме изненади тоа што младите во публика, кои очегледно се родени после распадот на Југославија го разбраа и нашио хумор и нашиот јазик. Тоа помалку го очекував. Со оние што живееле во претходната држава знаевме дека секако ќе се разбереме“, додаде Пискла.