Гостите од Прокупље, Србија, членови на Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ настапија последни на вториот ден од Драмскиот аматерски фестивал во Кочани. Ја одиграа претставата „Ана чекаше“, чиј режисер е Тијана Петровиќ. Една од носечките улоги ја играше Ивица Илиќ.

Беше добро, публиката исто така беше добра. Ова ни е една од подобрите изведби. Прв пат сме на меѓународна сцена, што за нас беше посебен предизвик, затоа што настапивме на фестивал со долга традиција. Убава приказна, убав текст, претставата ја одработивме најдобро што знаевме и умеевме и се надеваме дека и се допадна на публиката во Кочани“, рече Илиќ.

„Задоволна сум како играа сите, некако со полно емоции, дури и пробата денеска ни помина во таа смисла. Најверојатно ни годи престојот овде, средината, гостопримството на домаќините, секако и на публиката. Ова, инаку, ни е јубилејна десетта изведба на оваа претстава. Се надевам дека ќе не поканите на учество и наредната година“, ни се обрати режисерката, Тијана Петровиќ.