Почитувани,

фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот за избор на претстави за 58. издание (од 22 до 28 мај 2021 година)

Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство,  експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели;

На ДАФ – Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и од странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и одредуван од страна на учесниците во натпреварот во рамките на завршните фестивалски денови;

При подготвувањето на драмскиот проект може да се консултираат и ангажираат и стручни лица, режисери, артисти, драматурзи, …

Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти вработени во театарските куќи во земјава и во странство;

Вкупниот број на членови во аматерскиот театар што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не смее да надминува повеќе од 16 лица за домашен драмски ансамбл и 10 лица за меѓународни аматерски ансамбли. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да биде одобрено само од страна на Фестивалската управа;

 

Пријавите за учество на изборот на претстави за ДАФ – Кочани 2021 и снимените материјали (во електронска форма) се доставуваат до 20 АПРИЛ 2021 година, на е-пошта: